Компанијата „Ауди“ е најпозната по своите луксузни лимузини и автомобили со високи перформанси.
Но, сепак двајца самостојни дизајнери од „Ауди“ одлучија да направат импресивен проект: автономен електричен камион-цистерна за нафта.
Дизајнерите Артем Смимов и Владимир Панченко се здружија и направија проект за „Камионот за Ауди“, кој е замислен во две различни верзии.
Планот А подразбира електричен камион со самовозачки функции. Тој има кутиест дизајн, но со мазни површини и поголемо ветробранско стакло. Иако се чини аеродинамички неоптимизиран, неколку активни елементи се грижат за намалување на коефициентот на отпорот на воздухот, како што е спојлерот на приколката.
Планот Б е нешто поатрактивен. Се работи за електричен камион со полу оф-роад тркала со електрични мотори. Батериите се прицврстени за шасијата со помош на појаси. Дизајнерите на покривот го поставиле седиштето на возачот, а воланот потсетува на тој кој се наоѓа во болидите на Формула 1.