Камелија Недев освои сребрен медал во категоријата кати за деца 8-9 години на Европскиот куп во Катовице, Полска.
Македонската каратистка во финалето загуби од Наоми Роха од Израел.
На ЕК учествуваат 28 земји со над 500 натпреварувачи. Натпреварите се одржуваат во спортската арена Сподек во Катовице.