Како да се избере половен автомобил, што да се гледа при купување?

Од:

При купување на половен автомобил треба да се провери да не е украден, неколку години постар од што пишува во документите, претрпел тешка сообраќајна несреќа и да нема поминати километри повеќе од што пишува на инструмент таблата.

Задолжително проверете во полициска станица дали автомобилот е украден. Таму ќе ви ги кажат сите потребни податоци како и за тоа дали за возилото е распишана некоја потерница.

Автомобилот задолжително гледајте го преку ден, бидејќи навечер потешко се гледаат можни оштетувања. Добар авто лимар без поголеми проблеми може да утврди дали автомобилот бил хаварисан, дури и ако не го крене на дигалка или да го гледа од канал, пишува српски „Телеграф’.

Во знаците дека возилото претрпело судар спаѓаат нееднаквите луфти меѓу каросеријата и вратите, капакот на мототорот и багажот, како и варовите на невообичаени места. Посебно внимание обрнете на подот на багажот, бидејќи во тој дел најтешко е да се сокријат траги од потежок удар во задниот дел.

Секако, најважно е да направите пробно возење, прегледајте го мототорот и работата на инструментите на автомобилот.

Во текот на пробното возење најдобро можете да ги видите недостатоците на моторот, на кочниците, менувачот и другите компоненти. Моторот мора да работи мирно, без тресење и осцилации во бројот на вртежите. Секако, ако се работи за некој од постарите дизелаши, нормално е моторот да има посилен звук.

Ако разгледувате „автоматик‟ возилото треба да го возите во различни услови, да кочите, забрзувате, да вртите, да запирате и да го тестирате на други начини. Обрнете внимание како ги менува степените на преносот, дали има тресење и неодлучност. Задолжително возете малку подолго ако возилото се загрее. Има случаи ладен „автоматик‟ да работи совршено, но штом маслото ќе се загрее, почнуваат проблеми.

Во текот на пробното возење ви препорачуваме да го слушате моторот. Разни шушкања и гребења можат да претставуваат и сериозен дефект.

Следете ја температурата на моторот. На пробно возење не го возете автомобилот само 2 до 3 минути, туку почекајте моторот да се загрее. Закочете нагло неколку пати, за да ги пробате кочниците.

Состојбата на амортизерите можете да ја проверите и со нагол притисок. Ако автомобилот тогаш премногу се заниша, амортизерот е зрел за замена. Во овој случај не треба да се слушаат никакви звуци.

Не заборавете да ги проверите светлата, долгите, кратките и позицијата, покажувачите на правци, светлата во кабината, авто уредот, вентилацијата, темпоматот, сите прекинувачи, насочувачи на воздухот во кабината, централната брава, алармот и слични уреди и системи.

Ако сте одлучиле да купите половен автомобил во гарантниот рок, обавезно проверете ја документацијата за да видите дали е прекршен некој услов од гаранцијата.

Најдобро е сепак кога одите во странство, да посетите овластен сервис и да побарате проверка, бидејќи измамите се случуваат и во странство. На пример, некои производители на автомобили во Србија даваат гаранција на две години, а во странство три години гаранција.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ