Кајри Ирвинг оди на операција

Од:

Ѕвездата на Бостон Селтикс, Кајри Ирвинг ќе се подложи на мала операција на левото колено, соопштија од тимот.

Операцијата ќе биде направена денеска, а причината е болката што ја чувствува бекот веќе некое време, поради која и пропушти неколку натпревари.

Бостон не објави колку долго ќе трае неговото закрепнување, но се надева дека ќе биде подготвен за плејофот што ќе започне за три недели.

Ирвинг има проблеми со левото колено, кое го повреди во финалето во 2015 година и мораше да претрпи операција. Тој се надеваше дека сега ќе избегне хируршка интервенција.

Бекот, кој денеска го прослави 26-тиот роденден, има просек од 24,4 поени, 5,1 асистенции и 3,8 скока во првата година во дресот на Селтикс и токму со него се поврзани надежите на „детелините“ за враќање во големото финале на НБА.

Бостон е втор во конференцијата со скор 48-23, па отсуството на Кајри нема да влијае на крајниот пласман. Тимот сепак има доста повредени, а освен Ирвинг, надвор од теренот се Маркус Смарт и Даниел Тајс, а Џејлен Браун има потрес на мозокот.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот