Кагава со два гола за три минути во дебито за Бешикташ

Од:

Јапонецот Шинџи Кагава постигна два гола во рок од три минути при своето деби за тимот на Бешикташ, кој го декласираше Анталијаспор како гостин со 6:2 во средба од 20-тото коло на фудбалското првенство на Турција.

Дваесет и девет-годишниот Кагава, кој премина во Бешикташ на изнајмување од Борусија Дортмунд во последниот ден од трансфер периодот, се појави како резерва во 81-та минута, кога гостите водеа со 4:1.

Јапонецот се запиша минута откако влезе во игра со удар од околу 18 метри, а во 84-тата минута беше прецизен и од слободен удар.

Ова беше прв меч за Кагава од 31 октомври минатата година.

Шинџи Кагава премина во Дортмунд од Серезо Осака во 2010 година за 350.000 евра, а во 2011 и 2012-та стана шампион на Германија.

Кагава помина две сезони во Манчестер Јунајтед (2012-2014), по што се врати во Дортмунд. Тој има 60 гола во 216 натпревари за германскиот тим.

Бешикташ е трет во рангирањето на турското првенство со 33 поени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата апсеше маскирано лице на покривот на стадионот во Дортмунд

Јунајтед и Дортмунд повторно седнуваат на преговарачка маса за Санчо

А1он

„Билд“: Холанд останува во Дортмунд

А1он

Ѕвездите на Дортмунд немаат забрана за трансфер во Баерн

Наум Локоски

Официјално: Борусија Дортмунд потпиша со дефанзивец на Бока Јуниорс

Наум Локоски

Алкасер во Дортмунд за 23 милиони евра плус бонуси

Наум Локоски