Каевски оствари средба со Ѓоргиоски

Од:

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија денеска се одржа средба меѓу директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓоргиоски.

На средбата се разговараше за актуелните состојби во фудбалот и продлабочување на соработката меѓу АМС и ФФМ.

Стана збор и за потенцијалните измени во Законот за спорт, во кои ќе учествуваат сите федерации и засегнати страни.

– Потребата да се обрне внимание на младите таленти и на трансферот на знаења (стручна подготовка на тренерите) е исто така од големо значење, и благодарен сум што ФФМ работи на оваа проблематика во изминатиот период, посочи Каевски.

ФФМ има план за уште поголемо популаризирање на фудбалот и организација на фудбалски натпревари на националната репрезентација и во други градови, информираше Ѓоргиоски.

Би можело да ве интересира

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ

Македонија против Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн ќе бара виза за СП2026

А1он

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

А1он

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски