Американската компанија Кадилак најави дека концептот Елмирај наскоро би можел да се најде во сериско производство.
Во изјава за „Аутомотив Њус“ потпретседателот на Кадилак Боб Фергусон изјави дека Елмирај е автомобил што продавачите би сакале да го видат во своите салони.
– Автомобилот е атрактивен, но и доволно употреблив, со што заслужува место во гаражите на купувачите, изјави Фергусон.
Елмирај е големо купе возило дизајнирано по познатиот модел Елдорадо од 1967 година. Елмирај е придвижуван од 4,5 литарски В8 бензински мотор, што со помош на два турбо полначи развива околу 500 коњски сили.
Доколку се најде во сериско производство, првите примероци би можеле да се очекуваат во 2015 година.