Јувентус во карантин, Роналдо останува во Португалија

Од:

Јувентус е ставен во карантин, а Роналдо ќе остане во самоизолација во Португалија, откако неговиот соиграч Даниеле Ругани покажа позитивни резулати на Ковид-19.

Роналдо го пропушти последниот тренинг на „старата дама“ бидејќи замина во Португалија во посета на неговата мајка, која преживеа мозочен удар. Во меѓувреме е дијагностициран коронавирусот кај Ругани, по дербито меѓу Јуве и Интер, па двете екипи завршија во карантин.

Серија А е суспендирана, цела Италија е во карантин до 3 април, откако Владата одлучи да го замрзне комплетниот спорт во земјата. Роналдо требаше да се врати во Торино попладнево, но бројни медиуми објавија дека Португалецот решил да се самоизолира, откако ја доби веста дека целата екипа е ставена во карантин.

Ругани за време на дербито меѓу „бјанконерите“ и „нероазурите“ беше на клупата за резервни фудбалери и не покажуваше никакви симптоми на коронавирусот.

Покрај Серија А, под суспензија е, исто така, и шпанска Примера, како и некои мечеви во Лига Европа. Со самоизолацијата, Јувентис веројатно ќе избегне несакани последици за продолжението на серијата во домашното првенство, но и во Лигата на шампиони.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 906 гол на Роналдо

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал

Јувентус на „пазарот на незадоволните“ – Лука Јовиќ прв на листата

Роналдо премина една милијарда следбеници на социјалните мрежи

Предраг Петровиќ

Дебакл на Јувентус – Влаховиќ промаши пенал

Предраг Петровиќ

По болниот крај на сезоната, Роналдо ги полни батериите за европското на егзотична дестинација