Јута во полуфиналето на плеј офот, Бостон поведе против Вашингтон

Од:

Кошаркарите на Јута Џез се пласираа во полуфиналето на плеј офот на „Запад“ откако синоќа во „мајсторката“ од 1.коло како гости славеа победа над Лос Анџелес Клиперс со 104:91 или со 4-3 во добиени натпревари. Во текот на целиот натпревар Јута имаше водство, а најефикасен на дуелот беше играчот на Јута, Гордон Хејворд со 26 поени.

Следен ривал на Јута е Голден Стејт, а првиот натпревар од оваа серија се игра во вторник.

На „Исток“, во првиот натпревар од полуфиналето, Бостон поведе против Вашингтон со 1-0 откако синоќа ја искористи предноста на домашниот терен и победи со 123:111. Гостите подобро го почнаа натпреварот и водеа со 16:0, а предноста ја имаа до средината на третиот период. Во продолжението, Бостон беше екипата која имаше контрола над резултатот. Најефикасен на дуелот беше Ајзеа Томас со 33 поени, а кај Вашингтон Бредли Бил постигна 27 поени.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот