Јуниорската репрезентација на Македонија за ракометарки до 19 години го продолжува својот настап на Европскиот шампионат, што се одржува во Словенија.
По трите порази во првата фаза по групи нашите јуниорки сега ќе разигруваат за пласман од 9-16.место на првенството.
Тие ќе играат во И1 групата против селекциите на Шведска и Романија, а во групата е и Хрватска од која загубија на стартот на првенството.
Македонија и Шведска оваа фаза ќе ја започнат без бодови, додека Романија и Хрватска ќе стартуваат со 2 бода.
Првиот меч од денешната програме е токму дуелот меѓу Македонија и Шведска од 13 часот, а два часа подоцна (15) ќе играат Романија – Хрватска.