Лидерот во англискиот шампионат Манчестер Јунајтед, денес објави зголемување на приходите од феноманални 74 проценти.
Овој пораст се однесува на втората половина од 2012-та година, кога профитот достигнал сума од 22,3 милиони фунти без данок. Исто така пријавени се и трошоци од 84,5 милиони, што е за десет проценти повисока сума од претходната.
Порастот на трошоците главно се однесува на парите за новите засилувања, повисоките плати, но и зголемувањето на бројот на вработените луѓе во комерцијалниот дел на клубот.
Сепак, и покрај финансискиот напредок клубот кој е во сопственост на фамилијата Глејзер, а воедно и клуб со најголема вредност од над 3 милијарди евра, сеуште има долгови во вредност од 366,6 милиони фунти.