Јунајтед Груп: Вучиќ не ја говори вистината, понудивме 35 милиони евра за Премиер Лигата

Од:

Александар Вучиќ, кој вчера се разоткри како главен стратег на компанијата Телеком Србија и како некој кој учествувал во преговорите за купување на правата за Премиер Лигата на страната на Телеком Србија. Овојпат нема да му се обраќаме како на Претседател на Србија, туку како на конкурент на пазарот.

Го повикуваме Александар Вучиќ да ги покаже документите и да ги докаже своите тврдења дека Јунајтед Груп понуди повеќе пари во првиот круг, но Телеком победи во вториот круг. Граѓаните на Србија на тој начин ќе се уверат дека или Вучиќ не ја кажува вистината дека учествувал во преговорите и не ги знае точните цифри или навистина учествувал и ги знае сите детали, но сепак не ја кажува вистината. Во двата случаи, Александар Вучиќ ги излажа и измами сите граѓани на Србија.

Што е тоа што е вистина и што ниедна лага на лицето Александар Вучиќ не може да ја негира? Точно е дека Јунајтед Груп има најуспешни резултати од кога постои и тоа во првите шест месеци од 2021 година. Точно е дека ЕБИТДА на компанијата е двапати поголема од Телеком Србија (консолидирана). Точно е дека во последните три години остваривме деловен раст од 300 проценти. Точно е дека имаме 14.365 вработени луѓе, во осум земји на кои никогаш не им доцнела платата. Точно е и дека секогаш мислиме и на другите и сме помагале кога е најтешко донирајќи милиони евра во регионот, а посебно во Србија, но тие информации по наредба на власта се цензурирани.

Она што е исто така вистина е дека дури и како успешна компанија – Јунајтед Груп, како лидер во телекомуникациите и медиумите во Југоисточна Европа не може да понуди повеќе од 35 милиони евра по сезона, за преносни права на Премиер Лигата за пазарот на поранешна Југославија. И таа бројка беше преголема и нереална и условена од нелегалната конкуренција на државниот и приватниот капитал, што е апсолутно невозможно и забрането во земјите на Европската Унија. Србија исто така го потпиша, но не го применува истиот закон. За жал, како што се очекуваше, имаме во предвид дека Телеком и нивниот менаџер Вучиќ секојдневно кршат бројни закони на Србија.

Јунајтед Груп ќе се жали до сите релевантни институции во Србија и Европската Унија. Уште една година имаме право да пренесуваме натпревари од Премиер лигата на каналот Спорт клуб. Премиер лигата има свои внатрешни правила за правично однесување, особено во областа на финансирањето. Убедени сме дека се уште ништо не е конечно со правата за англиската Премиер лига.

Го покануваме нашиот “конкурент” Вучиќ да ги докаже своите тврдења јавно и документирано, а познато е дека тој сака да прикажува разни документи и фотографии на телевизија. Ако е охрабрен да ги покаже документите, нека им објасни на граѓаните на Србија и дали е вистина дека Телеком Србија плати неколку пати повеќе за спортски преноси во споредба со претходните цени:

● За ТВ-преносите на италијанската фудбалска лига, чија цена порано беше 5 милиони евра годишно, Телеком плаќа 23 милиони евра годишно според новиот договор;
● Шпанската фудбалска лига, која чинеше 8,5 милиони евра по сезона, според новиот договор Телеком плаќа 14 милиони евра;
● Француската фудбалска лига, чиишто ТВ права изнесуваа 800.000 евра годишно, Телеком сега плаќа 6 милиони евра по сезона;
● Преноси од натпреварите во Лигата на шампионите, чија цена порано беше 18 милиони евра годишно, според новиот договор Телеком плаќа 45 милиони годишно;
● Тие плаќаат 8 милиони евра за Фудбалската лига на Србија, што е исто така двојно поголема сума на пари отколку порано и така во многу спортови и различни лиги Телеком се одлучи за стратегија за плаќање на многу повисоки цени, сè до Премиер лигата за што тие понудија 10 пати поголема сума претходно платена од Јунајтед Груп.

Можеби менаџерот на Телеком Србија, Александар Вучиќ, знае како 3.500.000 гледачи на Арена Спорт во регионот ќе успеат да платат за сето тоа, бидејќи цената што ја наплатува операторот е под 2 евра по корисник за спортски канали. Дали менаџерот Вучиќ свесно прифати дека Телеком однапред прави минус од 150 милиони евра годишно само за спортски права? Дали граѓаните на Србија ќе ја плаќаат таа разлика? Конкурентот Вучиќ би можел да го праша претседателот на Србија. Можеби тој знае.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Маријана Агиќ-Молнар е новиот регионален извршен директор на Direct Media United Solutions

Јунајтед Груп силно ги отфрла неоснованите наводи во врска со нејзиниот бизнис во Северна Македонија

Јунајтед Груп ја назначи Александра Делвенакиотис за Потпретседател на Групацијата за корпоративни работи

Јунајтед Груп ја заврши продажбата на инфраструктурата за мобилни кули на TAWAL

UGI Wholesale стана водечки играч на регионалниот телекомуникациски пазар

Светските рејтинг агенции S&P Global и Moody’s го подобрија рејтингот на Јунајтед Груп