Јовиќ: Ќе се обидеме да го решиме проблемот со нашата одбрана

Од:

Тренерот на македонскиот ракометен вицепрвак Металург во пресрет на средбата од 16. коло на СЕХА-лигата против Мешков Брест, побара од своите избраници да ја зацврстат одбраната.

– Ни преостануваат уште само три натпревари до крајот на регуларниот дел на СЕХА лигата. Дома играме со Мешков Брест, потоа му гостуваме на Татран Прешов и на крајот на домашен терен го пречеуваме тимот на Целје. Од овие три натпревари, јас ќе бидам задоволен ако извојуваме една победа Во среда играме со Мешков Брест, кој е апсолутен фаворит, а ние, од наша страна, ќе направиме се за да го изненадиме противникот, иако имаме многу играчи кои се надвор од тренажниот процес. Имено, Пешевски, Јагањац и Танковски имаат вироза. Ние ја следиме нивната состојба и доколку таа се подобри тие можеби ќе настапат, истакна Јовиќ.

Тој се осврна на играта во одбрана како проблематичен сегмент.

– Имаме проблеми со одбраната, тоа го покажаа последните неколку натпревари на кои примивме преку 30 голови. Ќе се обидеме да ги поправиме нашите грешки и да го спуштиме Брест под 25 постигнати голови. Доколку го направиме тоа, ќе имаме шанса за изненадување. Ако примиме повеќе од тоа, ќе биде тешко да се постигне добар резултат, потенцира предводникот на „металурзите“.

Натпреварот Металург – Мешков Брест се игра в среда со почеток во 17:30 часот.

Би можело да ве интересира

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир