Македонскиот тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Кисељак откако попладнево загуби во 1/4 финалето од Србинот Дејан Катиќ со 2-0 во сетови. Ова беше уште една победа за Катиќ во меѓусебните мечеви, а Јотовски е се уште без триумф.
Првиот сет Катиќ го доби без проблеми со 6:1 во гемови. Во вториот сет ривалот на Јотовски повторно направи брејк и поведе со 2:1, но нашиот тенисер изедначи на 4:4. Во 11.гем Катиќ направи уште еден брејк што беше решавачко за да го добие и вториот сет. Мечот траеше 100 минути.
Јотовски следната недела ќе настапува на фјучрс турнир во Сараево.