Македонскот тенисер Томислав Јотовски оваа недела го има најдобриот ранг во својата кариера. Со 32 поена Јотовски се наоѓа на 708 место на АТП листата и напредок од шест позиции.
Најдобро рангиран македонски тенисер и натаму е Димитар Грабул на 508 место (67 поени) и има пад од три позиции.
Шендрит Деари се наоѓа на 1.138 место со 7 поени и има напредок од 4 позиции, додека најголем скок од 199 позиции направи Стефан Мицов, кој сега со три поени е на 1.442 место. Ист број поени (3) има и Бесир Дургути, кој е рангиран како 1.499.
На женската ВТА листа Лина Ѓорческа се 67 поени се наоѓа на 498 место што е за две позиции послабо од нејзиниот најдобар пласман што го имаше минатата недела.