Јотовски се пласира во четвртфиналето на фјучрсот во Грузија

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски успешно ја мина и втората пречка на фјучрсот во Грузија откако денеска го совлада Шунсуке Вакита од Јапонија со 2-0 во сетови и со тоа се пласира во четвртфиналето.

Јотовски првиот сет го доби со 6:2 во гемови, а разликата ја направи откако по 1:1 имаше серија од четири гема и водство од 5:1. Во вториот сет беше 6:3 за Јотовски. Мечот траеше 99 минути.

Во четвртфиналето Македонецот ќе игра против квалификантот Гиљермо Оласо од Шпанија. 29-годишниот Шпанец повеќе од три години немаше настапи на турнири, а во октомври 2011 година бил 168 на АТП листата.

Јотовски попладнево ќе има настап и во конкуренција на двојки каде заедно со Виктор Филипенко ќе играат против браќата Александар и Максим Малишев од Русија.

Би можело да ве интересира

Зверев и Пол во третото коло на Австралија Опен

Откажан Австралија опен

Парсел призна дека ги прекршил правилата за антидопинг

На тенисерот Меншик му побараа антидопинг тест среде натпревар

Горан Наумовски

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино