Јотовски повторно напредува на АТП листата

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски направи нов скок на АТП листата и сега се наоѓа на 705. место што е негов најдобар ранг во кариерата. Јотовски има скок од три места и вкупно 32 поени.

Најдобро рангиран македонски тенисер е Димитар Грабул на 514 место со 67 поени, но има пад од шест места.

Со серијата поени освоени на фјучрс турнирите во Египет Стефан Мицов е на 1.333 место со 4 поени (скок 109 места).

Пред него на листата е Шендрит Деари 1.134 место (7 поени), а ранг има и Бесир Дургути – 1.494 место (3 поени).

На женската ВТА листа од македонските тенисерки Лина Ѓорческа исто како и претходната недела е на 498 место со 67 поени.

На АТП листата на врвот нема промени: Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ, Станислас Вавринка, Рожер Федерер и Давид Ферер. Слично е и кај дамите без промени: Серена Вилијамс, На Ли, Агнешка Радванска, Симона Халеп и Викторија Азаренка.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ