Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски ќе игра во четвртфиналето на фјучрс турнирот во Брчко, Босна и Херцеговина.
Македонецот пласманот меѓу осумте најдобри го обезбеди со победата над Данило Калениченко Данило од Украина со 2-1, по сетови 6:2, 2:6, 7:5.
Во следната фаза противник на Јотовски ќе биде подобриот од мечот Нико Матиќ – (Германија 3.носител) – Дејан Катиќ (Србија).