Македонската тениска комбинација Томислав Јотовски и Шендрит Деари со синоќешната победа над вторите носители се пласираа во полуфиналето на Ф19 турнирот во Египет. Тие беа поуспешни од Шериф Сабри (Египет) и Марк Верворт (Холандија) со 6:2 и 6:0 во сетови.
Вечерва нашите тенисери ќе играат против српската комбинација Страхиња Ракиќ и Марко Тепавац.
Денеска два меча на фјучрсот во Сусе, Тунис ќе одигра и Лина Ѓорческа, најпрвин во сингл против Шпанката Олга Парез, а потоа и мечот во игра на двојки со Германката Линда Пренковиќ против Французинките Лу Бруло и Бренди Мина.