Јокиќ со нов трипл-дабл ефект се израмни со легендарните Џабар и Чемберлен

Од:

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ со рекорден трипл-дабл ефект влезе во историјата на НБА лигата, но не успеа да му помогне на својот тим Денвер да го избегне и третиот пораз во плејоф пресметката против Феникс.

Денвер во третиот натпревар од полуфиналето во Западната конференција загуби синоќа на домашен терен од Феникс со 106:102 и е на чекор од елиминација во разигрувањето за титулата.

Јокиќ натпреварот го заврши со 32 поени, 20 скокови и десет асистенции зад своето име и стана само третиот кошаркар во историјата на НБА лигата со таков трипл-дабл ефект во разигрувањето.

Досега низ историјата само Карим Абдул Џабар и Вилт Чемберлен имаат ефект од најмалку 30 поени, 20 скокови и десет асистенции на плејоф натпревар во најсилната кошаркарска лига во светот.

Во вториот натпревар од разигрувањето за титулата одигран ноќта меѓу петокот и сабота, кошаркарите на Филаделфија поведоа со 2:1 во полуфиналната серија до четири победи на Истокот, остварувајќи гостински триумф над Атланта од 127:111.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ