Јокиќ: Направив глупав потег, се срамам

Од:

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ се извини за инцидентот со членот на Мајами хит, Маркиф Морис за време на натпреварот одигран ноќеска.

Јокиќ го удри противничкиот кошаркар од зад грб и беше исклучен.

– Тоа беше глупав чин. Се срамам. Жал ми е што се случи. Играа валкано против мене, морав да се бранам, но не требаше така да реагирам. Сè се случи во момент на емоции, истакна Јокиќ.

За потсетување, Морис намерно го фаулираше Јокиќ во центарот на теренот, по што Србинот, како одговор, го удри силно во грбот. Американецот заврши на подот, по што на носилки беше изнесен од теренот.

Од Мајами соопштија дека напаѓачот има повреда на вратот. Двајцата играчи добија втор степен неспортска грешка и беа исклучени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ