Јокич: Ако ги победиме Македонија и Австрија веќе ќе бидеме 70 проценти на ЕП

Од:

Одбранбениот фудбалер на словенечката репрезентација Бојан Јокиќ ја истакна важноста на претстојните натпревари од квалификациите за ЕУРО 2020. Словенците в четврток (10 октомври) ќе и гостуваат на македонската репрезентација, три дена подоцна играат со Австрија.

– Имавме добри настапи во септември и сега се чувствуваме сигурни. Пред нас се два важни натпревари. Ако победиме на двата тогаш ќе се доближиме до Европското првенство за 70 проценти. Македонија има добар тим, можеби најдобриот во последните десет години. Не е лесно да се игра со неа. Немаат освоено толку многу поени, иако играа добро. Треба сериозно да се сфати противникот и тогаш сè ќе биде добро, изјави Јокич.

Токму во Скопје по два дена Јокич ќе има можност да го одигра јубилејниот 100.натпревар за него во словенечкиот национален тим.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пред 61 година, репрезентацијата на СССР ја победи Југославија во финалето на првото ЕП

Ана Ололовска

УЕФА ги активираше мобилните апликации за преземање на билетите за ЕП

Ана Ололовска

Де Бур го финализира составот за Евро 2020

Ана Ололовска

Ибрахимовиќ нема да игра на Европското првенство

Ана Ололовска

Верати најверојатно ќе го пропушти Европското првенство

Жарко Настоски

Руските организатори на ЕП дадоа „зелено светло“ за навивачи од странство

Жарко Настоски