Јохансон: УЕФА не знаеше за исплатата кон Платини

Од:

Поранешниот претседател на Европската фудбалска унија (УЕФА) Ленарт Јохансон тврди дека организацијата не знаела за спорната исплата на два милиони франци на сегашниот прв човек на УЕФА Мишел Платини.

Претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер и Платини беа суспендирани минатата недела за 90 дена поради сомнителни исплати во 2011 година, како компензација за советодавна работа во периодот 1998-2002 година.

Платини е кандидат за претседател на ФИФА на изборите во февруари 2016.

Швеѓанецот Јохансон, кој беше претседател на УЕФА од 1990 до 2007, рече дека Извршниот комитет на ФИФА, чиј член беше тогаш не знаел дека Блатер го има ангажирано Платини.

– Јас тогаш бил член на Извршниот комитет на ФИФА. Блатер требаше тоа да го пријави. Јас никогаш не сум чул за тој ангажман. Од медиумите дознав дека Платини имал договор со ФИФА, изјави Јохансон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он