Јапонските автомобилски компании се надеваат дека американскиот пазар ќе остане отворен за нив

Од:

Јапонската асоцијација на производители на автомобили изрази надеж дека северноамериканските држави ќе се држат до политиката на ниски давачки и слободен пазар во трговијата со автомобили, додека ги договараат измените на трговскиот договор НАФТА.

САД, Канада и Мексико водат мачни преговори за иднината на НАФТА, еден од најголемите трговски договори во светот. Јапонија е голем извозник на автомобили во САД, а јапонските компании воедно се голем инвеститор во погони во САД, и се надеваат дека американскиот пазар и во иднина ќе остане отворен за нив. Американските власти најавија поголеми привилегии за компаниите кои произведуваат автомобили во САД, а отежнување на работата на увозниците.

– Увозните давачки треба да бидат ниски, а правилата за увоз треба да бидат насочени кон поттикнување на трговијата и транспарентноста, изјави Сеичи Нагацука, претставник на Јапонската асоцијација на производители на автомобили.

Околу една третина од производството на јапонските автомобилски компании завршува на американскиот пазар. Освен во Јапонија и САД, Тојота, Нисан и Хонда имаат производни погони во Мексико, користејќи ги поволностите што ги пружа НАФТА.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on