Норвежанецот Кјетил Јансурд е победник на денешниот спуст од Светскиот куп возен во францускиот зимски центар Мерибел со што стигна до малиот кристален глобус во оваа алпска дисциплина.
Јансурд патеката ја помина со време 1:40.86 минути, пред Дидие Фаго (Швајцарија) кој имаше време 1:41.10 и Георг Штрајтбергер со време 1:41.17.
Ова беше последна трка сезонава во спуст, дисциплина во која Јансурд има освоено вкупно 605 бода. На второто место е Ханес Рајхелт (Австрија) 511 бода, третопласиран е Џилермо Фаје (Франција) со 389 бодови.
Во Генералниот пласман од Светскиот куп води Марсел Хиршер (Австрија) со 1.248 бода, пред Јансурд со 1.184 и Алексис Пинтуро со 898 бодови.