Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Чедомир Јаневски го објави репрезентативниот список за пријателската средба против Полска, што ќе се игра во Анталија, Турција на 14. декември.
На контролката „црвено-жолтите“ ќе настапат со домашни сили, а единствени интернационалци ќе бидат голманот Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт) и дефанзивецот Даниел Мојсовски (Војводина).
Најмногу повикани фудбалери има од редовите на шампионот Вардар, петмина, а четворица се од тимот на Напредок.
Состав: Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт), Стојан Димовски (Хоризонт Турново), Даниел Божиновски (Силекс), Владица Брдаревски (Работнички), Томе Китановски (Пелистер), Седат Бериша (Шкендија), Даниел Мојсов (Војводина), Владимир Димитровски (Работнички), Мите Цикарски (Вардар), Остоја Стјепановиќ (Вардар), Предраг Рангеловиќ (Вардар), Филип Најдовски (Напредок), Ндерим Неџипи (Шкендија), Дејан Блажевски (Хоризонт Турново), Владимир Петревски (Напредок), Иван Митров (Брегалница), Драган Ѓоргиев (Вардар), Музафер Ејупи (Шкендија), Јован Костовски (Вардар), Марко Симоновски (Напредок), Ристе Марковски (Напредок).