Јаневски: Позитивна атмосфера владее во тимот

Од:

Македонската фудбалска репрезентација во Анталија го одржа првиот тренинг во пресрет на пријателската средба со Полска вo петок од 17:15 часот.

Селекторот Чедомир Јаневски атмосферата во тимот ја оценува како позитивна, а оптимистички гледа кон контролната средба, за која вели дека е вистинска шанса за фудбалерите од домашниот шампионат да се наметнат како сериозна конкуренција за составот кој ќе излезе на мегдан против Белгија во продолжението од квалификациите за Светското првенство.

„Одработивме полесен прв тренинг во центарот „Мадран“, тренинг условите во Анталија се одлични, иако временските услови беа лоши, врнеше обилен дожд. Најважно е дека предвиденото го реализиравме, сите фудбалери тренираа со полн интензитет, освен Ранѓеловиќ, кој одработи индивидуален тренинг поради повредата на глуждот. Денеска и временските услови се идеални, очекувам сите да бидат на висина на задачата. Фудбалерите работат во позитивна атмосфера, имаат желба за репрезентативниот дрес, треба да го потврдат квалитетот и заедно да се избориме за позитивен резултат. Конкретните подготовки од техничко тактички аспект ги започнуваме од утре“, изјави Јаневски.

Би можело да ве интересира

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони

Фудбалерите на Црвена звезда го декласираа Нови Пазар во српската Суперлига

Горан Наумовски