Позната, пред се, по производството на мотоцикли, јапонската компанија „Јамаха“ на саемот на автомобили во Токио, кон крајот на октомври, ќе го претстави концептот на спортско купе.
На првата фотографија, што е објавена со цел да ги заинтригира фановите на автомобилот, се гледа карактеристичната спортска силуета на двоседот со спуштен преден дел и нагласени калници.
„Јамаха“ соопшти дека дизајнот е инспириран од мотоциклите и дека го „изразува единствениот стил“ што го негува ова компанија.
Техничките детали и податоци за погонскиот систем ќе бидат познати на 29 октомври, по премиерата во Токио, кога можно е да се дознае и дали „Јамаха“ има планови за сериско производство.