Јакупи го обезбеди првиот медал за Македонија на европското карате првенство

Од:

Македонскиот каратист Берат Јакупи го обезбеди првиот медал на Европското првенство што се одржува во турскиот град Кочаели.

Еден од нашите најдобри каратисти успеа да се пласира во финалето во категоријата до 84 килограми, со што Јакупи веќе го осигура најмалку сребрениот медал.

Во борба за златото Јакупи ќе се сретне со домашниот турски репрезентативец Угур Акташ.

На патот до финалето македонскиот каратист во првото коло го совлада Русинот Денис Денисенко со 2-1 на поени, во втората борба беше подобар од Белорусинот, Антон Исакау, а во четвртфиналето од босанскиот натпреварувач Мерис Муховиќ, додека во полуфиналната борба Јакупи го победи и Гркот, Георгиос Цанос.

Ова е прв голем успех за македонските каратисти на 52-то ЕП во Турција и тоа остварен на првиот натпреварувачки ден. Експедицијата на Македонија брои 14 репрезентативци, а покрај Берат, очекуваме добри настапи и од Емил Павлов.

Би можело да ве интересира

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје

Девет медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканскиот шампионат