Британската компанија „Јагуар“ објави дека на Саемот во Њујорк премиерно ќе го претстави моделот XJR, со пет литарски В8 мотор и механички компресор.
Како резултат на тоа моторот на Јагуар XJR развива 550 коњски сили. Иако, се уште нема официјални податоци за перформансите, XJR од место до 100 километри на час забрзува за помалку од 4,5 секунди.
Новиот Јагуар се разликува по редизајнираниот преден дел, отворите на хаубата и црната маска на ладилникот. XJR има и специјална суспензија и фелни со пет крака.
Според директорот на брендот Адријан Холмарк, новиот XJR го претставува најдоброто што го нуди денешната технологија со врвни перформанси достапни во луксузна лимузина и модерен дизајн со кои јасно се покажува правецот на компанијата во 21. век.