Jaguar ја подготвува промоцијата на преправениот „F-Tupe Roadster“

Од:

Во актуелниов момент, кога повеќето автомобили имаат невозбудлив дизајн, „Јагуар“ со својот модел „F-Tupe Roadster“ внесува вистинско освежување во автоиндустријата.

Во оваа компанија за втората половина на 2013 година најавуваат и „Coupe“ верзија, која најверојатно својата премиера ќе треба да ја има во септември, на саемот на автомобили во Франкфурт.

„Јагуар“ на саемот на автомобили во Париз во 2012 година на публиката и го претстави новиот возбудлив модел „F-Tupe Roadster“.

Освен што автомобилот изгледа фантастично, инженерите дизајнираа и одличен звук на издувниот систем.

„Јагуар“ потврди и дека покрај сегашниот автоматски менувач, на купувачите на моделот „F-Tupe“ ќе им понуди и мануелен менувач, но оваа верзија не треба да се очекува пред 2014 година.

Во план е и мапирање на постојните погонски единици, што може да значи дека актуелните В6 и В8 мотори ќе бидат достапни со повеќе „коњи“ отколку што е тоа
сега случај.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on