Екипите на Јанта волеј Кисела Вода и Џио Струмица ги освоија трофеите во Купот на Македонија.
Јанта волеј Кисела Вода забележа победа над Вардар со 3:1 во финалето кај жените.
Домаќинот на турнирот, Џио Струмица со идентиечен резултат (3:1) славеше над Универзитет во Тетово во машкото финале на 28. издание од купот.
За Џио Струмица ова беше осми трофеј во купот, додека Јанта волеј Кисела Вода првпат доаѓа до титулата.