Извлекување на групите за ЕУРО 2016 во Франција

Од:

Во Конгресната палата во Париз со почеток во 18 часот ќе се одржи церемонијата на извлекувањето на групите за ЕУРО 2016 што ќе се игра во Франција. На шампионатот за првпат ќе играат 24 репрезентации (23 од нив играа квалификации и бараж), додека Франција како домаќин директно се пласира.

Репрезентациите се поделени во четири „шешири“, а единствено е познато дека Франција ќе игра во А групата и ќе игра на отворањето на шампионатот.

На првенството ќе има и пет репрезентации кои се дебитанти на Европските првенства: Исланд, Северна Ирска, Велс, Албанија и Словачка.

Прв „шешир“ (носители): Франција (А група), Шпанија, Германија, Англија, Португалија, Белгија.
Втор „шешир“: Италија, Русија, Швајцарија, Австрија, Хрватска, Украина.
Трет „шешир“: Чешка, Шведска, Полска, Романија, Словачка, Унгарија.
Четврти „шешир“: Турција, Република Ирска, Исланд, Велс, Албанија, Северна Ирска.

Европското првенство ќе се игра од 10. јуни до 10. јули 2016 година. Првиот натпревар и финалето ќе се играат на стадионот „Стад Д‘ Франс“ во Париз.

Би можело да ве интересира

Џорџ Клуни како потенцијален спасител на Малага

Предраг Петровиќ

Барселона купи фудбалер за 7 милиони евра, излезната клаузула 300 милиони

Атлетико Мадрид – Барселона, најпосетен женски фудбалски натпревар

Барселона без Меси во Малага

Ана Ололовска

Прашање на време е кога ВАР ќе влезе во Премиер лигата

Ана Ололовска

Валс: Спречивме терористички напад пред почетокот на ЕУРО 2016