Во присуство на претставници на клубовите денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот во женска конкуренција.
Натпреварите од оваа фаза ќе се играат на 5 и 6 март 2016 година.
Двојките се:
Овче Поле – Вардар,
Вардар Јуниор – Пелистер 2012,
Металург – Прилеп и
Куманово – Ѓорче.
Полуфиналните натпревари и финалето ќе се одиграат на 7 и 8 мај 2016 година.
Што се однесува до Купот во машка конкуренција, групната фаза ќе се одигра на 16 и 17 април 2016 година, додека полуфиналните натпревари и финалето се закажани за 14 и 15 мај.