Извлечени групите за Мундијалските квалификации во кошарка

Од:

Во кинескиот град Гванжу денес беше одржана ждрепката за квалификациите за Светското првенство кое во 2019 ќе се одржи во Кина.

Вкупно 24 земји беа распоредени во осум различни групи, а во октомври групите ќе бидат комплетирани откако уште осум земји ќе добијат шанса за место во квалификациите. Последните осум земји се репрезентации кои ќе се натпреваруваат во претквалификациите.

На патот кон квалификациите на Македонија и стојат селекциите на Естонија и на Косово. Македонската национална селекција со овие две земји ќе се натпреварува во месец август.

За селекциите од Европската зона на Светското првенство се резервирани 12 места. Квалификациите ќе бидат одиграни во шест рунди – ноември (2017), февруари (2017), јуни (2018), септември (2018), ноември (2018) и февруари (2019).

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он