Извлечени двојките за полуфиналето во ракометната Лига на шампиони

Од:

Со жрепка денеска во Келн беа одредени полуфиналните двојки од Лигата на шампионите во ракомет. Во полуфиналето на турнирот во Келн на 28 мај ќе играат:

Киелце (Полска) – ПСЖ (Франција) и
Кил (Германија) – Веспрем (Унгарија).

На 29 мај победниците ќе се борат за шампионскиот трофеј. Почетокот на овој дуел е во 18 часот, а како предигра за финалето, поразените од полуфиналните мечеви, ќе играат за 3.место (почеток 15:15 часот).

Пред извлекувањето на двојките за полуфиналето во ЛШ, беше извршена и жрепката за полуфиналните дуели од Купот на ЕХФ.

На завршниот турнир во Нант предвиден за 14 и 15 мај во полуфиналето ќе играат:
Шамбери (Франција) – Гепинген (Германија) и
Нант (Франција) – Гранолјерс (Шпанија).

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ