Изречени казните за Металург за инцидентот со Зомимак

Од:

Комесарот за натпревари при Ракометната федерација на Македонија денеска ги изрече казните за Металург за инцидентот на дуелот со Зомимак одигран на 14 април во „Автокоманда“ во рамките на 4. коло на Суперлигата.

Македонскиот шампион треба да плати 150 илјади денари, а претседателот на клубот и службено лице на Металург на тој натпревар Левче Китевски доби казна од 51 илјада денари.

Казните се изречени поради тоа што во второто полувреме од натпреварот, на терен влегоа навивачи на Металург.

Поради неправилности на мечот против Прилеп, од истото коло, со 10 илјади денари казнет е и Радовиш.

Незадоволните странки имаат право на жалба во рок од осум дена од објавувањето на одлуката.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он