Изложба на олдтајмери во Кавадарци

Од:

Триесет колекционери од повеќе градови од Македонија денеска на изложбата на олдтајмери во Кавадарци ги претставија своите автомобили.

Главниот организатор на манифестацијата кавадарчанецот Мите Ташев истакна дека е задоволен од одѕивот на изложбата што ја организира веќе четврта година.

Годинава, како што рече, времето не ни е сојузник, но денеска имаме голема посета.

– Ова е показател дека олдтајмерите кај нас се омилени и за нив се обрнува големо внимание за да бидат речиси нови и во возна состојба. Оваа голема посета зборува дека луѓето се интересираат какви биле некогаш љубимците на четири тркала. Овие возила од пред 30 и повеќе години и сега можат да се вклучат во сообраќајот што ги прави достојни за сите времиња, рече Ташев.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on