Еден од водечките производители на гуми во светот „Goodyear“ го истакнува влијанието на најновите достигнувања во развојот на пневматиците за товарни возила како важен придонес во намалувањето на емисијата на јаглерод диоксид што доаѓа од земјоделските возила.
Емисијата на јаглерод диоксид непосредно е поврзана со потрошувачката на гориво, затоа „Goodyear“ во развојот на пневматиците му посветува големо внимание на напорите за намалување на нивниот отпор на тркалање и со тоа овозможува помала потрошувачка на гориво.
Резултати на тоа се пониските трошоци за гориво и намалување на емисиите на ЦО2, а благодарение на воведувањето на етикетата ЕУ за гумите податокот за ефикасноста на гумите на тоа подрачје од 2012 година е јасно видлив.
Доколку, на пример, гумите за товарните возила, што на етикетата ЕУ за степенот на искористување на горивото се класифицираат во класата Ц, ги замените на гуми од класата Б, годишно по шлепер во просек, би се постигнувало намалување на емисиите на ЦО2 од 3,2 тони. Истовремено, на гориво би се заштедиле повеќе од 1.300 евра по возило.
Во студијата што неодамна ја претстави Европскиот сојуз на проиведители на автомобили (АЦЕА) се наведува дека со целосен пристап што ги вклучува сите актери во секторот на патниот транспорт (и производителите на гуми), може да се постигне многу поголем степен на намалување на емисиите на ЦО2 (кај товарните возила до 3,5 проценти) отколку во случај фокусот да се стави исклучиво на набавката на нови товарни возила.
Еден од клучните елементи за постигнување на таа цел е на постоечките камиони во Европа да се монитраат пневматици што овозможуваат помала потрошувачка на гориво.