Иван Чупиќ четири години во Вардар

Од:

Хрватскиот ракометен репрезентативец Иван Чупиќ договори четиргодишна соработка со македонскиот шампион Вардар. 30-годишниот играч е четврто засилување за Вардар во пресрет на новата сезона.

Иван Чупиќ во Вардар доаѓа од редовите на Кјелце, екипа која со години доминира во првенството на Полска, а која сезонава ја освои титулата во Лигата на шампионите.

„Задоволни сме што во нашите редови во иднина ќе имаме играч кој бил европски првак и го знае тоа чувство. Вардар има амбиции да се искачи што е можно погоре на ракометниот европски врв и секогаш сака да ги има во своите редови оние што можат да му помогнат во остварување на таа цел. Веруваме дека Иван брзо ќе се вклопи во нашиот тим и заедно со Даниил Шишкарев ќе бидат одличен тандем на позицијата десно крило“, изјавил за клупската интернет страница Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Чупиќ ќе ѝ се приклучи на екипата по завршувањето на Олимпијадата во Рио каде настапува за репрезентацијата на Хрватска, заедно со Игор Карачиќ и Лука Циндриќ.

Деснокрилниот ракометар кариерата ја започнал во Метковиќ, а пред да пристигне во Вардар играл за Медвешчак, Октавија Виго, Горење Велење, Рајн Некар и Кјелце. Со хрватската репрезентација има две сребра (2008, 2010) и две бронзи (2012, 2016) на европските првенства, сребро (2009) и бронза (2013) на светските првенства и олимписка бронза во 2012 година.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ