Во Белград се одржа состанок на челниците на светската ИТКФ и европската ЕТКФ карате федерација.
На состанокот, на кој присуствуваа директорот на ИТКФ, Дејан Недев, претседател на ИТКФ, Џилберто Гартнер, претседателот на ЕТКФ, Владимир Јорга и проф. Венцислав Недев, претседател на техничката комисија на ЕТКФ биле донесени многу важни одлуки за развојот на традиционалното карате во светот и Европа.
– Беше разговарано и за организацијата на претстојните меѓународни шампионати како ЕТКФ ЕШ кој од 14-16 септември ќе се одржи во Белград, потоа за организација на ИТКФ светскиот куп во Куритиба, Бразил од 9-11 ноември како и за организација на европскиот фудокан шампионат кој од 7-9 декември ќе се одржи во Порторож, Словенија“, соопшти МТКФ.
Исто така на состанокот бил донесен и календарот на активности на ИТКФ и ЕТКФ за 2019 и 2020 година.