Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во финалето на завршниот Мастерс во Торино

Од:

Актуелниот шампион, италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во финалето на завршниот Мастерс во Торино откако денес го победи Австралиецот Алекс Де Минор со 2:0 (7:5, 6:2) за еден час и 53 минути.

Во првиот сет, Синер пропушти вкупно пет брејк-топки за да поведе со 6:5, но потоа направи брејк во клучниот гем за да поведе со 1:0. Во вториот сет немаше дилема, Синер направи два брејка и така лесно го приведе мечот кон крајот.

Во утрешното финале, трето по ред на Завршниот Мастерс, Синер ќе игра против победникот од второто полуфинале, во кое ќе играат Карлос Алкараз (Шпанија) – Феличе Оже-Алијасиме (Канада).

Би можело да ве интересира

Синер, Мусети и Шелтон во осминафинале на Австралија опен

А1он

Синер го победи Алкараз по голема борба и го освои финалниот Мастерс во Торино

Синер изгуби два милиони евра

А1он

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во осминафиналето за 59 минути

Ѓоковиќ поразен од Синер седми пат по ред

Италијанскиот тенисер Јаник Синер победи на турнирот во Пекинг