Италијанската репрезентација забележа рекордно достигнување по успехот со 3:1 над Ерменија како гостин.
Екипата на Роберто Манчини заостануваше со 0:1 откако домаќините го отворија резултатот во 28. минута, но Белоти изедначи, а повторно тој и Пелегрини ги донесоа трите бода.
„Азурите“ веќе остварија осум последователни победи во квалификациите за ЕП, што досега не се случило.
Во недела, Италијанците ќе можат да го подобрат постигнувањето при гостувањето кај Финска.