Репрезентациите на Италија и на Бугарија постигнаа победи во осминафиналето на Европското првенство во одбојка што се одржува во Полска.
Италија ја совлада Турција со 3:0 (25:16; 25:17 и 31:29). Македонскиот тренер Јошко Миленковски е селектор на турската репрезентација. Во четвртфиналето Италија ќе игра против Белгија.
Бугарија во осминафиналето ја победи Финска со 3:1 во сетови (23:25; 25:21; 25:11 и 25:12) и во следната рунда ќе игра против Србија.
Вечерва со почеток во 20:30 часот се играат уште два дуела од осминафиналето: Франција – Чешка и Полска – Словенија. Пласман во четвртфиналето како првопласирани во групите имаат обезбедено и Германија и Русија.