Исланд избори пласман на Светското првенство во Франција во ракомет

Од:

Ракометната репрезентација на Исланд како последна од Европската зона избори пласман на Светското првенство во ракомет што во 2017 година ќе се одржи во Франција. Исланд на гостувањето во Порто загуби минимлано од Португалија со 21:20, но со вкупен резултат од 46:44 беше поуспешен во баражот од ривалот.

Инаку, Исланд е една од трите селекции против која Македонија ќе игра во групата во квалификациите за Евроспкото првенство 2018 година во Хрватска.

Во неизвесна завршница Португалија имаше водство од 20:17, но сепак Исланд успеа со серија од три голови да стигне до изедначување.

Од европската зона пласман на Светското првенство изборија девет репрезентации:

Македонија, Шведска, Полска, Русија, Исланд, Унгарија, Словенија, Беорусија и Данска.

Извлекувањето на групите на ќе се одржи ан 23.јуни (четврток) во Париз, а Светското првенство ќе се одржи од 11 до 29. јануари 2017 година.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ