Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) го прими Косово за полноправна членка, а за таквата одлука гласаа сите присутни членови на Извршниот одбор.
Денешната седница на Извршниот одбор на ИОК се одржа во Монако, Франција, а одлуката за приемот на Косово кое стана 205. членка на ИОК негативно одекна во Србија.
Косово по приемот во меѓународното семејство на Олимписки комитети се стекна со право да учествува на Олимписките игри во Рио де Жанеиро кои ќе се одржат во 2016 година.