Интер се врати на првото место во Серија А

Од:

Интер со убедливи 4:0 ја совлада Џенова, и повторно се врати на првото место на табелата во италијанскиот фудбалски шампионат, бидејќи има подобра гол-разлика од Јувентус, со кого се изедначени по бројот на бодови.

Ромелу Лукаку даде два гола, а по еднаш погодија Гаљардини и младиот Себастијано Еспозито. Еспозито со 17 години и 172 дена стана најмладиот стартер во почетниот состав на Интер во последните 20 години, а стана и вториот најмлад играч во историјата на Интер кој дал гол.

Џенова играше без Горан Пандев кој ја одлежа суспензијата од два меча. На двата дуели без Пандев, Џенова не успеа да постигне ниту еден гол, па тимот остана претпоследен на табелата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Повторно фудбалер на Фиорентина се сруши на терен, играчите панично повикуваа помош

А1он

Реми меѓу Удинезе и Торино во 18. коло од Серија А

Поранешен сметководител на Берлускони е нов претседател на Серија „А“

А1он

ВИДЕО: Фудбалер на Рома доживеа срцев удар, прекинат натпреварот со Удинезе

Катерина Ѓуровски

Пеколните температури би можеле да го одложат почетокот на сезоната во Серија А

Италијаската федерација сè уште не планира да го одложи натпреварот од Суперкупот меѓу Интер и Јувентус

Катерина Ѓуровски