Интер ја истражува можноста за склучување целосен договор со напаѓачот Алексис Санчез, кој е во сопственост на Манчестер јунајтед.
„Неро-азурите“ се подготвени да го купат 31-годишен Чилеанец за 20 милиони евра, пренесува „Goal.com“.
Санчез ќе го изнајми Интер до почетокот на август, бидејќи клубовите се договорија да го продолжи договорот за закуп до крајот на тековниот италијански шампионат. Но, во август се натпреварите од решавачките фази од плеј-офот на Лигата на Европа, и доколку Интер успее да се пласира преку Хетафе, Чилеанецот нема да може да учествува.
Манчестер јунајтед се плаши дека Санчез може да биде повреден и тоа неговата продажба во меѓусезоната ја прави невозможна. Оваа сезона Санчез настапи на 13 натпревари во Серија А за Интер, постигна два гола, и направи пет асистенции.