„Инфинити Q30“ ќе биде конкуренција на моделите од „А“ класа

Од:

Од авто-салонот во Франкфурт не делат малку повеќе од еден месец, а најавите за премиери на нови модели и дизајнерски студија веќе почнуваат да ги полнат страниците на автомобилските сајтови.

Последен во низата е концептот „Инфинити Q30“. „Инфинити“ годината ја почна со најавата за нова номенклатура во рамки на која сите модели ќе ја имаат буквата „Q“ во називот, за на саемот во Женева да следи премиерата на спортскиот седан „Q50“.

За Франкурт се најавува целосно нов концепт на компактен премиум автомобил „Q30“. Иако скицата која производителот ја објави претставува стилизирано возило, доколку автомобилот биде и приближно сличен во живо, „Инфинити“ ќе го продолжи успешниот тренд на дизајнот со допадливи, флуидни линии.

„Концептот „Q30“ претставува увод во проширената гама на нашите модели и најава за новиот стилски израз што треба да привлече помлади купувачи со современи погледи на светот“, вели претседателот на „Инфинити“, Јохан де Нушчен.

„Инфинити Q30“ воедно е и првиот продукт на овој производител настанат под раководство на новиот шеф за дизајн, Алфонс Албаисе.

Во компанијата наведуваат дека е во план и сериски модел во чиј развој ќе биде вклучен и Себастијан Фетел.

Автомобилот треба на пазарот да им се спротивстави на компактните модели на другите премиум производители, како што се „Мерцедес А класа“, „БМВ Серија 1“ или „Ауди А3“.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on