Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека ќе објави колкава ќе биде неговата плата, штом добие потврда за сумата.
– Мојата плата не треба да биде централна тема во процесот на реформи во ФИФА. Од почетокот реков дека мојот приход ќе се објави и дека мојата плата треба да биде помала од платата што ја добиваа претходниот претседател и генерален секретар, изјави Инфантино за швајцарските медиуми.
Изјавата на Инфантино доаѓа по шпекулациите дека тој одбил понуда од 2,2 милиони долари.
Според финансиските извештаи за 2016 години, претходникот на Инфантино, Сеп Блатер добил плата од три милиони долари, додека генералниот секретар Жером Валке 1,53 милиони долари.